Артета по пет години во Арсенал: Најдоброто допрва доаѓа
- Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој денеска ја одбележува својата петта година на чело на клубот, верува дека најдоброто допрва доаѓа за тимот под негово водство.

Лондон, 20 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој денеска ја одбележува својата петта година на чело на клубот, верува дека најдоброто допрва доаѓа за тимот под негово водство.
-Се променив. Овие пет години поминаа премногу брзо. Уживав во секоја минута. Тука сум затоа што го сакам овој клуб. Го сакам најдоброто и се трудам да го дадам најдоброто. Размислувам за тоа што значи да се биде најдобар менаџер за овој клуб и за овие играчи и се обидувам да станам таков. Мојата единствена амбиција е да го направам клубот успешен. Имам уште многу да учам и да се подобрам. Сакаме да освојуваме големи трофеи, но без да го загубиме остатокот од она што веќе го изградивме, изјави Артета.дс
Фото: Архива