• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска: По три години ВМРО-ДПМНЕ призна дека блокадата на градот е оркестрирана

Арсовска: По три години ВМРО-ДПМНЕ призна дека блокадата на градот е оркестрирана

Скопје, 20 август 2024 (МИА) – По три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана, токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје, изјави денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Градоначалничката истакна дека на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

-Сакам да го цитирам Перински, дека генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Добро е тоа што Мицкоски се обиде да ги поправи грешките на неговите сопартијци, за жал, сето тоа наликуваше на политички циркуз само за добивање на политички поени. Јас не се натпреварувам за политички поени, рече Арсовска. 

Министерот Перински, вчера по средбата во Владата со Арсовска, рече дека таа до крајот на оваа недела треба да состави план што ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје. Тој, меѓудругото, кажа дека на вчерашниот состанок не слушнале ништо конструктивно од градоначалничката во однос на решавањето на проблемите со Јавното комунално претпријатие и Јавно сообраќајно претпријатие. ра/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан