Арсенал договори ново засилување
- Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино пристигнува на „Емирати“ во трансфер вреден 32.600.000 фунти, јавува Би-Би-Си.
Лондон, 23 август 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино пристигнува на „Емирати“ во трансфер вреден 32.600.000 фунти, јавува Би-Би-Си.
Трансферот на Мерино во Арсенал доби неочекуван пресврт. Прво беше виден на „Емирати“, па се пишуваше дека зделката ќе пропадне, а сега Би-би-си пишува дека е прашање на време кога се ќе биде официјализирано.
„Топџиите“ веднаш ќе им платат на Баскијците 28.400.000 евра, а останатите 4.200.000 милиони преку бонуси. Микел Артета добива значително засилување во средниот ред, на што и инсистираше, а второ севкупно ова лето по дефанзивецот Рикардо Калафиори.
Дали по 21 година ќе биде доволно за титулата да се врати во витрините на Арсенал, ќе видиме во остатокот од сезоната.
Инаку, Мерино беше еден од најдобрите играчи на Сосиедад минатата сезона. Својот квалитет во дресот на Шпанија го потврди во походот кон титулата европски првак.
Неговиот победнички гол против Германија во последните моменти од продолженијата во четвртфиналето беше еден од најважните моменти на турнирот.
Пристигнувањето во Арсенал го означува и враќањето на Шпанецот во Премиер лигата. Претходно го носеше дресот на Њукасл. Во текот на кариерата играше и за Осасуна и Борусија Дортмунд. дс
Фото: Принтскрин