• недела, 01 септември 2024

Арсенал декласиран од Брајтон, на Сити му треба една победа за шампионскиот трофеј

Арсенал декласиран од Брајтон, на Сити му треба една победа за шампионскиот трофеј

Лондон, 14 мај 2023 (МИА) - Арсенал вечерва загуби на домашен терен од Брајтон со 3:0  во 36. коло од Премиер лигата. Хулио Енцисо го отвори резултатот во 51. минута, Дениз Ундав, кој го замени, го зголеми водството на Брајтон во 86., а Пурвис Еступинјан го постави конечниот резултат.

Со освоени 81 бод, Арсенал заостанува четири бода зад лидерот Манчестер сити. Во исто време, на „Топџиите“ им преостануваат само два натпревара до крајот на првенството, додека Сити има уште три.

 

Претходно во текот на денот, Манчестер сити го победи Евертон како гостин со 3:0.

 

Арсенал долго време беше лидер во Премиер лигата, но не ја издржа трката со „Граѓаните“ кои се на само еден чекор до одбрана на титулата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан