• среда, 27 ноември 2024

Армискиот хеликоптер се очекува секој момент да се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско

Армискиот хеликоптер се очекува секој момент да се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Армискиот хеликоптер се очекува секој момент да се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско. Се прават последните технички подготовки, дознава МИА од добро упатени извори. 

Од Центарот за управување со кризи за МИА информираа дека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, кој од утринава интервенираше од воздух, е повлечен поради одработени часови.

Од Општина Неготино, каде вчера формираа Кризен штаб, упатија апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045. бк/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан