• петок, 08 ноември 2024

Аргентина бара „целосен суверенитет“ над Фолкландски Острови

Аргентина бара „целосен суверенитет“ над Фолкландски Острови

Буенос Аирес, 4 октомври 2024 (МИА) – Аргентина бара „целосен суверенитет“ врз Фолкландски Острови откако Велика Британија на 1 октомври го предаде суверенитетот на архипелагот Чагос на Мавританија.

Шефицата нааргентинската дипломатија Диана Мондино ја поздрави одлуката на британската Влада за Чагос и вети „одлучна акција“ преземање на Фолкландски Острови од Велика Британија.

Архипелагот во близина на Јужна Америка во Аргентина се нарекува Малвински Острови.

Долгогодишниот спор помеѓу Британија и Маурициус беше решен при што Маурициус успешно ја врати територијата на Чагос“.

- Следејќи го патот што веќе го тргнавме, со решителна акција, а не со празна реторика, ќе го вратиме целосниот суверенитет над нашите Малвински Острови. Малвините беа, се и секогаш ќе бидат аргентински, изјави Мондино.

Преговорите помеѓу Велика Британија и Маурициус за Чагос почнаа во 2022 година.

Маурициус добива суверенитет над островите, додека заедничката американско-британска воена база ќе остане на најголемиот остров Диего Гарсија. Договорот за воената база е склучен на 99 години со можност за обновување, а Велика Британија за намената ќе плаќа одредена сума пари годишно.

Аргентина и Велика Британија и војуваа за спорните Фолкландски Острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови.

Фолкландски Острови се состојат од два големи и повеќе мали острови во јужниот дел на Атлантски Океан источно од Аргентина. Името и суверенитетот на островите се спорни долго во историјата. На 19 март 1982 година Аргентина прво го зазема островот Јужна Џорџија, а потоа и Фолкландски Острови. Буенос Аирес тврди дека тоа е враќање на сопствената територија, а за Лондон е инвазија на британска прекуморска територија. Ниту една од страните не објави војна, а Аргентина се повлече на 14 јуни 1982 година. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан