Арагчи: Иран има право да одговори на израелските удари
- Техеран го задржува правото да одговори на минатомесечните воздушни напади врз Иран, но ги зема предвид и другите случувања во регионот, како што е договорот за прекин на огнот во Либан, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Техеран, 27 ноември 2024 (МИА) - Техеран го задржува правото да одговори на минатомесечните воздушни напади врз Иран, но ги зема предвид и другите случувања во регионот, како што е договорот за прекин на огнот во Либан, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Тој во Лисабон изјави дека Иран го поздравува договорот и се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот.
Израел нанесе удари на цели во Иран на 26 октомври како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел на 1 октомври. паг/
Фото: Википедија