Апасиев: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе се одржи на Постојната анкетна комисија
- Претседателот на Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Димитар Апасиев денеска изјави дека надзорната расправа за аерозагадувањето ќе се одржи денеска на сендица на Комисијата.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Димитар Апасиев денеска изјави дека надзорната расправа за аерозагадувањето ќе се одржи денеска на сендица на Комисијата.
- И покрај сите правни перипетии и саботажа, одлучив надзорната расправа за аерозагадувањето да се спроведе на Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Одлуката ја темелам на тоа што имам добиено допис од страна на спикерот на Собранието од 04. 02. 2025 со кое кој ми го препраќа барањето од 20 пратеника со кое тие бараат оваа Комисија да свика надзорна расправа. Како службено лице, овластено да ја свика оваа комисија, имам не само право, туку и обврска тоа да го направам согласно член 21 став 3 од Законот за Собранието и согласно член 214 став 5 од Деловникот. Доколку тоа не го сторам тоа, ризикувам кривична пријава за непостапување, рече Апасиев на прес-конференцијата одржана пред почетокот на седницата на Комисијата. бак/фф/
Фото: МИА архива