• среда, 25 декември 2024

Анкета: Мнозинството Руси би поддржале мировен договор со Украина

Анкета: Мнозинството Руси би поддржале мировен договор со Украина
Москва, 9 август 2022 (МИА) - Шеесет и пет отсто од Русите би поддржале мировен договор со Украина, доколку биде предложен од рускиот претседател Владимир Путин, покажуваат резултатите од анкети спроведени од руски медиуми. Додека според резултатите од анкета на Руската социолошка агенција, 60 проценти од граѓаните би го поддржале Путин во случај да одлучи повторно да го нападне Киев, а повеќе од половината испитаници изјавиле дека би биле за продолжување на конфликтот. Податоците од анкетите покажуваат дека 59 отсто од Русите веруваат оти така наречената воена операција трае предолго, додека 28 проценти од анкетираните не се согласуваат со тоа. Околу 30 отсто од испитаниците оцениле дека војната ќе трае уште една година. бд/ми/

Остани поврзан