Анита Алоска е назначена за в.д директорка на НУ „Охридско лето“
- Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето“.

Охрид, 4 септември 2024 (МИА) - Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето“.
Со решение на Министертвото за култура и туризам, Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.
Алоска е од редот на вработените а во институцијата работи од 2007 година. Таа и во 2012 година ја извршуваше функцијата в.д директорка на НУ „Охридско лето“. аб/са/
Фото: Охридско лето