• петок, 23 август 2024

Андоновски: Специјализантите кои ќе се пријават на сајтот на МЗ ќе имаат предност да бидат вработени во местото каде што живеат

Андоновски: Специјализантите кои ќе се пријават на сајтот на МЗ ќе имаат предност да бидат вработени во местото каде што живеат

Штип, 22 август 2024 (МИА) – Во Клиничка болница - Штип недостасуваат лекари специјалисти на сите одделенија, а проблемот со недостигот на стручен кадар низ регионалните болнички центри ќе почне да се решава со вработување на приватните специјализанти, истакна денеска заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски при посетата на Клиничката болница - Штип.

Андоновски појасни дека сите специјализанти кои што ќе се пријават на сајтот на Министерството за здравство ќе имаат предност да бидат вработени во местото или регионот каде што живеат.

– Во врска со проектот за специјализнти исто поразговаравме, го знаете проектот за вработување на 300 специјализанти ова година. Се договоривме со менаџментот да бидат повикани сите специјализанти кои гравитираат тука да им се понуди одредена работа, работни места, за да не ни одат во странвство младите доктори и  да може овде да ги задржиме, затоа што има многу потреба. Затоа што има голем недостаток на кадар, вели Андоновски.

Во штипската Клиничка болница недостиг на кадар има на сите оддели, но како што вели директорот на Клиничка болница - Штип Владко Захариев, најалармантно е на Одделението за ортопедија и трауматологија за кое постои опасност да остане само со двајца ортопеди.

Захариев информираше дека на Клиничката болница во Штип во 2023 година биле извршени над 20.000 амбулантски прегледи, 800 приеми, како и околу 600 операции.

– Специјалисти во сите одделенија има недостаток на специјалисти. Како пример ја земав само работната единица ортопедија и трауматологија. Тоа е работна единица во која што има четири специјалисти, едниот е со продолжување на договорот за работа, другиот денес достави барање за продолжување на работа. Што значи дека во краткор период можеме да останеме само со двајца ортопеди, а статистички погледнато треба да се знае дека за 2023 година работна единица ортопедија има над 20000 амбулантски прегледи има 800 приеми и околу 600 операции, изјави Захариев. вдј/ра/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан