• сабота, 23 ноември 2024

Андоновски: Во Фондот за иновации почнуваме постапки на ревизија на повеќе од 20 проекти со спорно финансирање

Андоновски: Во Фондот за иновации почнуваме постапки на ревизија на повеќе од 20 проекти со спорно финансирање

Скопје, 16 септември 2024

 

"Во соработка со раководството на ФИТР откривме недоследности во бројни предмети, за дел од нив веќе е побарано враќање на средства, додека за останатиот дел, отпочнуваме правна и финансиска ревизија за да се открие вистината како се потрошени парите на граѓаните.", истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на гостувањето во емисијата “DailyClick” на ТВ21. 

 

Андоновски појасни дека поголемиот дел од недоследностите се токму фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го "ограбија" државниот буџет.

 

"Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува." , потенцираше Андоновски.

 

Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот во периодот на Ковид кризата каде што посочи дека требало да биде фонд за иновации и технолошки развој, но фондот финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.

Со почит,

Кабинет на министерот за дигитална трансформација

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Кабинет на министерот за дигитална трансформација

 

Остани поврзан