Англија прв фаворит за титулата на ЕУРО2024 според букмејкерите
- Убедливиот настап и триумфот над Италија од 3-1 во квалификациите ја истакна Англија, според светските обложувалници, како главен кандидат за освојување на титулата на Европското првенство идната година ќе се одржи во Германија.

Лондон, 19 октомври 2023 (МИА) – Убедливиот настап и триумфот над Италија од 3-1 во квалификациите ја истакна Англија, според светските обложувалници, како главен кандидат за освојување на титулата на Европското првенство идната година ќе се одржи во Германија.
Според букмејкерите, Англија е главен фаворит за европската титула со коефициент 5, пред актуелниот светски вицепрвак Франција која има коефициент 5.50.
Следат домаќинот на ЕУРО2024, Германија, со коефициент 7.50, Шпанија (8) и Португалија (10).
Евроквалификациите ќе бидат комплетирани идниот месец, а жрепката за групната фаза е закажана за 2 декември во Хамбург. ег/паг/
Фото: Х