Американските демократи отворија онлајн портал за свиркачи во федералните агенции
- Демократите во американскиот Сенат, кои се борат против дејствијата на Доналд Трамп насочени кон федералните агенции, денеска отворија онлајн портал за свиркачи.
![Американските демократи отворија онлајн портал за свиркачи во федералните агенции](https://mia.mk/index.php/images/20250210164755_big_730x400_17.webp )
Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) - Демократите во американскиот Сенат, кои се борат против дејствијата на Доналд Трамп насочени кон федералните агенции, денеска отворија онлајн портал за свиркачи.
Демократите напишаа јавно писмо до државните службеници и другите јавни службеници во кое ги информираа за портал за пријавување прекршоци, злоупотреба на овластувањата и закани по јавната безбедност.
Порталот бара внесување име, организација, е-пошта и природата на жалбата, вклучувајќи одмазда, расипничко трошење, измама и криминални активности. мс/
фото: „Пиксабеј“