• понеделник, 23 декември 2024

Амбасадорот Јаќимовиќ му врачи благодарница на премиерот Заев за поддршката по земјотресите во БиХ

Амбасадорот Јаќимовиќ му врачи благодарница на премиерот Заев за поддршката по земјотресите во БиХ

Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Амбасадорот на Босна и Херцеговина во државава Драган Јаќимовиќ денеска на премиерот Зоран Заев му врачи благодарница за финансиската поддршката што Владата на Република Северна Македонија ја даде на градовите Козарска Дубица и Костајница, во Република Српска, Босна и Херцеговина, коишто неодамна беа силно погодени од бројни земјотреси.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев ја примил благодарницата денеска на средба во Владата со амбасадорот Јаќимовиќ.

-Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји се одлични, и дека меѓусебната поддршка и солидарност се симбол на големото пријателство помеѓу двете држави и беше изразена подготвеност за унапредување на економската и билатералната соработката на двете држави, стои во соопштението.свс/лв/

Остани поврзан