• понеделник, 23 декември 2024

Амбасадорот Гжелчник во посета на Македонски Брод

Амбасадорот Гжелчник во посета на Македонски Брод

 Скопје, 16 април 2024


Во посета на Општина Македонски Брод беше Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, господинот Кшиштоф Гжелчник.

Тој најпрво оствари средба со градоначалникот Жарко Ристески каде разменија мислења и идеи за интензивирање на понатамошната соработка на Општина Македонски Брод со Република Полска.

Во рамки на посетата Амбасадорот заедно со градоначалникот продолжија со посета на Домот на културата, каде што ја разгледаа изложбата во чест на полскиот етнолог и социолог, Јозеф Обрембски и продолжија со посета на детската градинка, основното и средното општинско училиште.

Потоа ја посетија индустриската зона Барбарос, каде се гради полска инвестиција, за на крај средбата да финишира со положување на букет цвеќе на спомен бистата на полскиот етнолог, Јозеф Обрембски, во населеното место Самоков
  
Настанот беше одржан на ден 15.04.2024, а во прилог ви праќаме фотографии од посетата


Со почит,


Горан Дамчески- ОДД за ЛЕР

Фото: Општина Македонски Брод

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан