Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи во Кочани
- - Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и најблиските. Нашите мисли се исто така со сите други засегнати и сите оние кои сега работат на помош и поддршка, стои во објавата на шведската Амбасада на Фејсбук.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи по пожарот во Кочани.
- Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и најблиските. Нашите мисли се исто така со сите други засегнати и сите оние кои сега работат на помош и поддршка, стои во објавата на шведската Амбасада на Фејсбук.
Според последните информации, 51 лице загина, а 152 се хоспитализирани во пожарот што изби во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани. нд/бак/
Фото: ФБ