• петок, 05 декември 2025

Ал Хилал му понуди на Осимхен 50 милиони евра годишно

Ал Хилал му понуди на Осимхен 50 милиони евра годишно

Ријад, 16 јуни 2025 (МИА) - Ал Хилал му испрати нова понуда на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Според „Goal“, саудискиот клуб е подготвен да му плаќа на играчот 50 милиони евра годишно. Претходно, 26-годишниот фудбалер одби понуда од Ал-Хилал од 30 милиони евра. Саудискиот клуб е подготвен да плати и откупна клаузула од 75 милиони евра за Осимен.

На 10 јуни беше објавено дека 26-годишниот сака да се пресели во Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2024/25, Осимен играше за Галатасарај на позајмица. Напаѓачот постигна 37 гола и направи осум асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан