Ал-Хилал прв финалист во Светското клупско првенство
- Одреден првиот финалист на клупското Светско првенство во фудбал. Ал-Хилал од Саудиска Арабија синоќа во Танжер го совлада бразилски Фламенго во првото полуфинале на турнирот со 3:2.

Танжер, 8 февруари 2023 (МИА) - Одреден првиот финалист на клупското Светско првенство во фудбал. Ал-Хилал од Саудиска Арабија синоќа во Танжер го совлада бразилски Фламенго во првото полуфинале на турнирот со 3:2.
Салем Ал-Досари двапати погоди од пенал, Лучијано Вието погоди од поле за победничката екипа. Двоен стрелец за Фламенго беше Педро.
Во финалето Ал-Хилал ќе се соочи со победникот од мечот Ал-Ахли – Реал Мадрид. Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20 часот. зс/