• сабота, 23 ноември 2024

Алкараз и Медведев се пласираа во полуфиналето на Индијан Велс

Алкараз и Медведев се пласираа во полуфиналето на Индијан Велс

Индијан Велс, 15 март 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз победи во два сета против Александар Зверев и со тоа се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс.

Натпреварот траеше час и 20 минути, а младиот Алкараз рутински победи со 6:3, 6:1.

Малку подоцна на тоа патување му се придружи и Данил Медведев. Со малку повеќе труд, Русинот го надигра Холгер Руне со 7:5, 6:4.

Целиот меч беше многу изедначен, но поискусниот Медведев беше подобар во клучните поени и на крајот излезе како победник.

Што се однесува до полуфиналето, Алкараз ќе се сретне со Јаник Синер, додека Медведев ќе ги одмери силите со локалниот тенисер Томи Пол. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан