Алкараз го победи Де Минаур во финалето на АТП Ротердам
- Шпанецот Карлос Алкараз попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија).
Ротердам, 9 февруари 2025 (МИА) - Шпанецот Карлос Алкараз попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија).
Мечот траеше безмалку два часа и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:2.
Алкараз сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализира четири од осум брејк топки.
Де Минаур имаше еден ас, четири двојни грешки и реализираше две од петте брејк топки.
За 21-годишниот Алкараз ова беше 17-та титула во кариерата. зс/
Фото: ЕПА