• понеделник, 23 декември 2024

Алиу: Законот за безбедност на мрежни информациски системи ќе обезбеди високо ниво на безбедност

Алиу: Законот за безбедност на мрежни информациски системи ќе обезбеди високо ниво на безбедност

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација ќе обезбеди високо ниво на безбедност на мрежните и информациските системи во земјата и исто градење и проширување на ИТ инфраструктурата, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на нашата република, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната прес-конференција по Јавната расправа на која се дискутираше за Законот за безбедност на мрежни информациски системи и дигитална трансформација.

Алиу додаде дека ќе се обезбеди висок степен на отвореност со цел да се обезбеди развој за иновативни софтверски решенија во системот.

Како што информираше се очекува законот во рок од две недели да помине на седница на Влада за да стигне до Собранието. Тој верува дека за месец и половина законот ќе биде донесен. сх/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан