• петок, 26 јули 2024

Алиев: БиХ и регионот да го искористат снабдувањето со енергетски производи од Азербејџан

Алиев: БиХ и регионот да го искористат снабдувањето со енергетски производи од Азербејџан

Сараево, 13 април 2023 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој е во посета на БиХ, денеска и понуди на Босна и Херцеговина, како и на целиот регион, да го искористат снабдувањето со енергетски производи од неговата земја, додавајќи дека тоа е еден од економските приоритети на Азербејџан.

Алиев, кој за време на официјалната посета на Босна и Херцеговина се сретна со членовите на Претседателството на БиХ, потпиша заедничка декларација за стратешко партнерство на двете држави со претседавачот со државниот самит на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.

„Оваа декларација ќе ни овозможи да имаме подобро политичко разбирање и да биде основа за подобра безбедносна и економска соработка“, рече Цвијановиќ, опишувајќи го Азербејџан како вистински пријател на Босна и Херцеговина.

Алиев рече дека е убеден во зајакнувањето на соработката со Босна и Херцеговина и е благодарен за поддршката што ја доби од таа земја за време на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Тој рече дека постои голема можност за соработка во трговијата со гас и во електроенергетскиот сектор преку изградба на хидроцентрали.

„Гасоводот Јужен тек се приближува до границите на Босна и Херцеговина и сосема е природно да ја прошириме соработката во снабдувањето со гас“, рече Алиев и посочи дека енергетското поврзување на Кавказот и Балканот е приоритет на Азербејџан. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан