Албански државјанин во Дебар возел со 1,83 промили алкохол во крвта
- Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода албански државјанин кој управувал возило под дејство на алкохол.
Дебар, 6 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода албански државјанин кој управувал возило под дејство на алкохол.
Вчера во 12:55 часот кај месноста „Банишка раскрсница“ во близина на Дебар, полициски службениците го лишиле од слобода А.М.(43) од Албанија.
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
По наредба на јавен обвинител, тој е исклучен од сообраќај, одземено му е патничкото возило и поднесена му е кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“. вт/вј/
Фото: МИА