• сабота, 23 ноември 2024

Албанските владејачки социјалисти ја исклучуваат можноста за предвремени избори

Албанските владејачки социјалисти ја исклучуваат можноста за предвремени избори
Тирана, 1 февруари 2020 (МИА) – Албанската владејачка Социјалистичка партија ја демантира изјавата на претседателот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша за предвремени избори, јави дописничката на МИА од Тирана. Генералниот секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група на партијата Таулант Бала на Фејсбук напиша дека нема договор меѓу мнозинството и опозицијата за предвремени избори. - Љуљзим Баша го „потврди“ договорот за предвремени избори. Бидејќи ова вреди како нова фантазија за да се држи на кислород за неколку месеци нашиот вон парламентарен сојузник, ние разбираме. Но, предвремените избори не се тема на дијалог со тој сојуз, односно не со Љуљзим Баша, наведува Бала. Тој појаснува и апелира на смиреност до новите пратеници од опозицијата дека единствениот дијалог со ПД е само за изборните реформи. - Затоа од Љуљзим Баша и вонпарламентарната алијанса го поздравуваме секој придонес со идеи за деполитизација на изборната администрација и какви било други препораки. Во меѓувреме, го потсетуваме Баша дека изборниот законик се изгласува со 84 гласови што ги нема Социјалистичката партија. Затоа, добро би било тој да даде се од себе и да не ги навредува пратениците во Собранието со неговиот и потписот на Моника Круемади, наведува Бала. На крај посочува дека овој став на социјалистите ќе важи секогаш кога партијата ќе реагира политички кон ПД и Љуљзим Баша, во врска со изборната реформа. Лидерот на демократите, Баша изјави дека договорот со владејачките социјалисти на Еди Рама, за изборната реформа, ќе произведе и предвремени избори. - Ние стоиме на нашиот предлог за преодна влада за надминување на оваа криза.Тоа е став од кој не се повлекуваме. Напишано е во документот што беше претставен во понеделникот, а тоа е 100 дена пред изборите земјата да има преодна влада, рече Баша. Изборната реформа на која работат претставници на владејачкото мнозинство и опозицијата треба да биде финализирана до 15 март. Редовни парламентарни избори во Албанија треба да се одржат во јуни 2021 година. вт/

Остани поврзан