• петок, 08 ноември 2024

Албанезе: Нападот во Сиднеј е ужасен чин на насилство

Албанезе: Нападот во Сиднеј е ужасен чин на насилство

Канбера, 13 април 2024 (МИА) – Ова беше ужасен чин на насилство насочен кон невини луѓе кои пазаруваа во оваа обична сабота. Изразуваме најдлабоко сочувство и сочувство до сите што изгубија некого, изјави премиерот на Австралија, Ентони Албанезе.

Тој истакна дека и покрај шокантно насилство, Австралијците покажаче хуманоста и херојството.

За полицијата сè уште не е познат мотивот за нападот, но не е исклучено дека е терористички чин.

Според најновите информации во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј маж со нож усмрти пет лица, а осум се повредени. Се претпоставува дека напаѓачот најверојатно дејствувал сам. Тој е елиминиран од полицијата.

Вршителката на должност премиерка на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Пени Шарп наведе дека е шокирана од нападот.

- Шокирана сум од извештаите за повеќекратни жртви во Бондаи. Моите мисли и мислите на Владата се со жртвите, нивните семејства и првите лица кои реагираат во овој момент, како и со оние кои можеби биле сведоци на овие ужасни настани, истакна Шарп.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои посетителите на трговскиот центар се обидуваат да му се спротивстават на напаѓачот. Исто така се појави и фотографија од напаѓачот.

По нападот од трговскиот центар беа евакуирани најмалку стотина луѓе. ми/

фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан