• среда, 27 ноември 2024

Активни пожари во Старо Нагоричане и Куманово

Активни пожари во Старо Нагоричане и Куманово

Куманово, 30 јули 2024 (МИА) - Повеќе пожари попладнево се активни на територијата на општините Куманово и Старо Нагоричане. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на подрачјето на Старо Нагоричане пожар има во селата Малотино и Жегљане.
 

-Најголемата пожарна линија се движи од Свети Николе кон Куманово, таму делуваме со трите ер-трактори. Пожарите во Старо Нагоричане се закануваат да зафатат неколку напуштени села од разбиен тип со стари, но и обновени куќи. Пожари има и на подрачјето на Куманово, кажа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во Малотино и Жегљане (Старо Нагоричане) делуваат два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, 30 припадници на армијата и толкав број припадници на полицијата. На терен се и пожарникари,  вработени во локалната самоуправа, во ЈП„Национални шуми“ и месното население. Во овие села зафатена е мешана шума.

Гори и на друга локација во Општината Старо Нагоричане. Ниска вегетација е во пламен во селата Ругинце и Коњух, кај месноста Кшала. На терен интервенираат шестмина пожарникари.

Во Куманово сè уште е активен пожарот во атарот на селата К’шање и Кокошиње со насока на движење кон светиниколските села Горно и Долно Ѓуѓанци и Стројманци, каде е зафатена ниска шума и сува трева. Пожар има и во кратовското село Татомир кој се шири кон територии на Куманово и Свети Николе. ам/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан