• вторник, 27 август 2024

АЕК постигна два гола против Динамо Загреб во судиското надополнување и се пласира во плејофот за Лигата на шампионите

АЕК постигна два гола против Динамо Загреб во судиското надополнување и се пласира во плејофот за Лигата на шампионите

Атина, 20 август 2023 (МИА) - АЕК синоќа на домашен терен одигра нерешено со Динамо Загреб во реваншот од полуфиналето од квалификациите за Лигата на шампионите - 2:2. Хрватскиот тим беше во водство на средбата благодарение на головите на Јосип Шутало (45+2 минута) и Роберт Љубичиќ (65.), но ја испушти предноста во самата завршница од натпреварот.

 

Во 90+2 минута Серхио Араухо го намали заостатокот на грчкиот клуб, а седум минути подоцна Домагој Вида постигна гол откако голманот на Динамо го одбрани пеналот.

 

Во првиот натпревар АЕК го победи противникот (2:1), па се пласираше во финалето од квалификациите каде ќе игра со Антверпен.

 

За Динамо цел натпревар одигра македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан