Вардар во пријатна атмосфера тренираше во Сан Марино
- Фудбалерите на Вардар вечерва го имаа последниот тренинг пред утрешниот реванш дуел со Ла Фиорита
Сан Марино, 16.јули 2025 (МИА) - Фудбалерите на Вардар вечерва го имаа последниот тренинг пред утрешниот реванш дуел со Ла Фиорита. „Црвено - црните“ имаат предност од 3:0 од првиот дуел и секако важат за фаворити за пласман во второт коло од квалификациите од Конференциската Лига.
- По завршувањето на првиот натпревар им кажав на играчите дека нема опуштање. Дојдени сме тука за да поминеме понатаму. Предноста од 3:0 не смее да не залажува. Имаме проблеми, Најдовски, Фаустин, Талевски се повредени. Некои играчи првпат играат вакви мечеви. Нема да потцениме никого, напротив очекувам да го засилиме темпото и да одиграме уште подобро, изјави Седлоски.
Натпреварот Ла Фиорита - Вардар се игра утре (четврок) со почеток во 21 часот. мн/