• сабота, 23 ноември 2024

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Скопје, 4 септмеври 2023 

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, отворено зборуваше со филмските работници на неформална средба за две клучни прашања за филмските работници. Првото прашање околу продукцијата на македонски филмови годинава е апсолвирано бидејќи Агенцијата за филм е подготвена да ги финансира филмовите кои се најавени од продуцентските куќи како подготвени да тргнат со снимање.

Од почетокот на годината, Агенцијата за филм има исплатено 140 милиони денари на продукции на македонски филмови кои се во фаза на постпродукција. Причината зошто во првата половина на годината не се снимало филмови е лоцирана во индивидуални и различни причини внатре во продукциите.

Второто прашање е исходот од првиот рок на Конкурсот за филм. Фокусот беше ставен на транспарентно образложување на распределбата на расположливиот буџет на првиот конкурс, каде преку објективна валоризација, одлучено е да се поддржат најквалитетните филмови. Агенцијата за филм планира да воведе уште поголема транспарентност кога станува збор за конкурсите и начинот на вреднување на проектите. Исходот од минатиот конкурс е поддршка на 15 македонски филмови со мнозинско учество и 9 филмови со малцинско учество на македонски копродукции.

Одлуката зошто токму ваква распределба да се донесе на овој конкурс е поради оптимизирање на средствата и изнаоѓање на најдоброто решение за македонската кинематографија во период кога веќе 17 филмови се одобрени и треба да почнат со снимање (одобрени од претходните конкурси), кога буџетот претрпе намалување и конечно фактот што мора да се одржи баланс во учеството на Агенцијата за филм кај малцинските проекти кога македонскиот филм е многу повеќе помогнат од страна на регионалните и европски продукции.

Средбата се одржа денес, на 4. септември, во 11. часот, во Кинотека на РС Македонија.

 

Агенција за филм на Република Северна Македонија

Фото:Агенција за филм на Република Северна Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан