Агенцијата за пошти ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Републикава
- Агенцијата за пошти денеска во Скопје ќе го одржи 22-от јавен состанок, со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината.

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Агенцијата за пошти денеска во Скопје ќе го одржи 22-от јавен состанок, со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината.
На состанокот, како што информираат од Агенцијата за пошти, ќе биде презентирана состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и тековните активности на Агенцијата, плановите и програмите за делување во идниот период. дма/вг/
Фото: МИА архива