• сабота, 20 јули 2024

Агелер - Минчев: Заедничка посветеност за промовирање добро владеење и департизирана јавна администрација

Агелер - Минчев: Заедничка посветеност за промовирање добро владеење и департизирана јавна администрација

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Амбасадорката на САД Ангела Агелер и министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одржаа состанок на кој ги истакнаа силните и трајни односи, како и нивната заедничка посветеност за промовирање добро владеење и ефективна, департизирана јавна администрација. Стана збор и за зајакнување на билатералните односи, како и за истражување на можностите за соработка во јавната администрација и управувањето.

Како што соопшти кабинетот на Минчев, министерот и амбасадорката разговараа за иницијативите за подобрување на јавните и дигиталните услуги и за промовирање на транспарентноста и одговорноста во владините институции.

-Од страна на Агелер беше силно изразена посветеноста да ги поддржи нашите заложби за модернизирање на јавната администрација и воедно ја истакна важноста од континуирано партнерство меѓу двете земји. Двете страни се согласија за потребата од тековен дијалог и соработка за справување со заедничките предизвици и унапредување на заедничките интереси. Минчев ја потенцираше важноста од отворен дијалог меѓу сите засегнати страни при одлучување за сите актуелни и идни законски решенија. Министерот ја истакна силната волја за реформите во јавната администрација и ја поздрави поддршката од САД, информира МЈА. мч/дма/

фото: МЈА

 

Остани поврзан