• вторник, 24 декември 2024

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои ќе треба да ги надминат партиските политики, порача денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

Обраќајќи се на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје, Агелер истакна дека Северна Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат вистински предизвици. Според неа, земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

- Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција. 

На форумот ќе стане збор за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, еколошка одржливост, примена на технологија и иновации, како и за финансирање на реформите кон зелена транзиција.

Во тек е обраќање на мандатарот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада.

Пред него зборуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој уште еднаш ја искажа европската поддршка за реформите на земјава кон зелената транзиција. мч/мд/

Фото: МИА 


 

Остани поврзан