• вторник, 24 декември 2024

Австриските политичари сè почесто добиваат закани

Австриските политичари сè почесто добиваат закани
Виена, 29 март 2022 (МИА) - Австриските политичари добиваат сè повеќе закани, поради што е зголемено нивното обезбедување. - Од 2015 година четирикратно е зголемено обезбедувањето на личности. Од мигрантската криза, а посебно за време на пандемијата политичарите добиваат сè повеќе закани, изјави шефот на австриската специјална полициска единица Кобра, генерал-мајор Ервин Штрамец. Доколку Дирекцијата за заштита на државата и разузнавачките служби проценат дека некој политичар е загрозен, кобра добива налог да го штити. Во Австрија само претседателот на државата и канцеларот имаат обезбедување. Во моментот во Австрија 12 лица имаат постојано обезбедување, меѓу кои се политичари и амбасадори. ми/

Остани поврзан