• вторник, 17 декември 2024

Австриската влада ќе усвои ребаланс на буџетот со рекорден дефицит од 30,7 милијарди евра

Австриската влада ќе усвои ребаланс на буџетот со рекорден дефицит од 30,7 милијарди евра

Виена, 20 април 2021 (МИА) - Австриската Влада ќе усвои ребаланс на буџетот за тековната година со рекорден дефицит од 30,7 милијарди евра.

Министерството за финансии очекува оваа година, со минус 7,7 проценти, втор најголем пад на растот на БДП од 1954 година. Најголем пад е забележан минатата година со минус 8,9 проценти.

Според Министерството за финансии, државниот долг ќе продолжи да расте и ќе достигне 89,6 проценти од БДП.

Официјална Виена одинава очекува трошоци од 103,2 милијарди евра, а приходи од само 72,5 милијарди евра.

Остани поврзан