• четврток, 03 октомври 2024

Австралија ќе ги евакуира своите граѓани од Либан

Австралија ќе ги евакуира своите граѓани од Либан

Канбера, 3 октомври 2024 (МИА) – Министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг изјави дека Владата резервирала 500 места во комерцијалните летови за австралиските државјани и нивните семејства на 5 октомври да го напуштат Либан.

Таа посочи дека резервирани се два лета од Бејрут за Кипар, потенцирајќи оти место во авионите ќе има само за австралиските државјани и нивните семејства.

Вонг уште еднаш ги повика Австралијците да не патуваат за Либан. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан