• среда, 25 декември 2024

Австралија ги демантираше информациите дека Јапонија ќе стане членка на АУКУС

Австралија ги демантираше информациите дека Јапонија ќе стане членка на АУКУС

Канбера, 9 април 2024 (МИА) – Австралија денеска ги демантираше извештаите дека Јапонија наскоро ќе се приклучи на одбранбената алијанса АУКУС, која ги вклучува Австралија, Велика Британија и САД.

Австралиските власти соопштија дека секоја соработка со земји кои не се членки на асоцијацијата ќе биде само на индивидуални проекти.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе рече дека Јапонија е близок партнер на АУКУС, но истакна дека нема планови за прием на четврта членка во сојузот. Албанезе ова го изјави на прес-конференција неколку часа откако министрите за одбрана на земјите од АУКУС изјавија дека ќе ја разгледаат соработката со Јапонија за воено-технолошки проекти.

Албанезе појасни дека се работи за соработка на конкретни проекти и оти Јапонија е природен кандидат за таква соработка со АУКУС. Тој беше категоричен дека не се планира прифаќање на нов член во сојузот.

АУКУС го основаа Австралија, Велика Британија и САД во 2021 година. јт/

Фото: Британска влада

Остани поврзан