• петок, 19 јули 2024

Авиосообраќајот на атинскиот аеродром засега се одвива без проблеми

Авиосообраќајот на атинскиот аеродром засега се одвива без проблеми

Атина, 19 јули 2024 (МИА) – Без особени проблеми се одвива авиосообраќајот на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина и засега не постојат последици од нарушувањето на работата на ИТ системите во светот, информирале од аеродромот за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, единствено некои од авиокомпаниите се соочиле со оперативни проблеми во нивните ИТ системи, додека пак не се регистрирани доцнење на летовите вон вообичаеното.

Од грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ соопштија дека проблемите во светот немаат сериозни последици врз функционирањето на нивните летови, единствено има влијание врз одредени услуги на сајтот и паралелно посочија дека може да бидат засегнати нивните летови кон аеродромите каде што се регистрирани проблеми. ср/

Остани поврзан