• понеделник, 18 ноември 2024

Авганистан: Најмалку 15 загинати во експлозија во џамија

Авганистан: Најмалку 15 загинати во експлозија во џамија

Кабул, 8 јуни 2023 (МИА) - Во експлозија во џамија во северната авганистанска провинција Бадакша денеска загинаа најмалку 15 лица, а околу 50 се повредени, јавува Анадолија.

Експлозијата се случи во џамија во Фајзабад, главниот град на провинцијата Бадакшан, каде што талибанските власти се собраа на заедничка молитва за убиениот заменик-гувернер, кој загина во експлозија во вторникот, објави локалната телевизија Толо њуз.

Информациите за бројот на жртвите ги потврдија и од управата на локалната болница.

Моазудин Ахмади, локален талибански функционер, претходно потврди дека се случила експлозија, но не знаеше за бројот на жртви.

Мавлави Нисар Ахмад Ахмади, заменик-гувернер на Бадакшан и неговиот возач загинаа во експлозија во Фајзабад во вторникот.

Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан