Абас: Војната на Израел со Хамас е против постоењето на Палестинците
- Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека војната на Израел со Хамас е „против постоењето на Палестинците“. Тоа го нагласи во говор по повод 35-годишнината од палестинското прогласување независност.
Газа, 15 ноември 2023 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека војната на Израел со Хамас е „против постоењето на Палестинците“. Тоа го нагласи во говор по повод 35-годишнината од палестинското прогласување независност.
„Тоа е војна против постоењето на Палестинците, против палестинскиот национален идентитет, идентитетот на земјата и идентитетот на нејзините жители“, рече Абас во Рамала на Западниот Брег, окупиран од Израел, кој е одделен географски од Појасот Газа. паг/
Фото: МИА архива