Утре без струја делови од општините Аеродром и Сарај
- Делови од општините Аеродром и Сарај утре од 09:00 до 15:00 часот нема да имаат струја.
Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Делови од општините Аеродром и Сарај утре од 09:00 до 15:00 часот нема да имаат струја.
Како што информира РЦУК - Скопје, без електрична енергија ќе бидат корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата во општина Аеродром и корисниците од селата Буковоќ, Ласкарци, Раовиќ и Паничари во општина Сарај. мч/мд/
фото: МИА архива