Атанаско Стефановски е најсреќниот за Водици во Пехчево
- Атанаско Стефановски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа. Традиционално осветување на водата на пехчевска Писа за Богојавление Водици се одржа во присуство на голем број верници од Пехчево, на кое и оваа година учествуваа 30-тина млади пехчевци.
Пехчево, 19 јануари 2025 (МИА) - Атанаско Стефановски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа. Традиционално осветување на водата на пехчевска Писа за Богојавление Водици се одржа во присуство на голем број верници од Пехчево, на кое и оваа година учествуваа 30-тина млади пехчевци.
Среќниот Атанаско доби пригодни награди што ги доделуват Општина Пехчево и компанијата Зегин.
Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански му честиташе на Стефановски и на сите граѓани на Пехчево, од свое лично име и од името на општинската администрација, им го честиташе празникот посакувајќи им љубов, почитување и успешна година на сите полиња.
На големата церемонија претходеше и водосвет во црквата „Св. Петар и Павле“ каде голем број верници беа присутни на свечената богојавленска литургија.
Во пораката на светите отци се повика на љубов, меѓусебна толеранција и почитување, во име на Светиот дух на Господ Бог кој според православното христијанство на овој светол ден му се јави на човештвото за прочистување на неговото тело и дух во водите на Јордан.
За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, општина Пехчево годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни. вс/мд/
Фото: МИА