• e hënë, 20 janar 2025

МД „Илинден“ со честитка до г.г. Стефан и до сите Македонци по повод Богојавление - Водици  

МД „Илинден“ со честитка до г.г. Стефан и до сите Македонци по повод Богојавление - Водици  

Дебар, 19 јануари 2025 (МИА) - По повод празникoт Богојавление - Водици, македонското друштво „Илинден“ упати честитка до поглаварот на МПЦ - ОА неговото блаженство архиепископ Охридски и Македонски  г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се.

- Во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и  македонското национално малцинство во Република Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници,  ви го честитаме големиот Христијански празник Богојавление Христово - Водици, стои во честитката.

Богојавление, се додава, е настан што „просветлува и не поучува на прочистување кога постои вистинската верба“. 

- Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските и сите води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинството да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, Ваше Блаженство, се посакува во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Денот го честиташе и Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со желби „радоста и благодатта на Водици да бидат со сите Македонци“. вт/мд/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR