ЗА НАС

 

Медиумската информативна агенција (МИА) е главниот извор на вести во Северна Македонија.

Со редакција од седумдесетина новинари и дописници што известуваат од земјата и од странство, МИА ја има најголемата и најразновидна продукција на вести во државата.

Дистрибуираме вкупно 300 – 350 написи дневно на македонски, на англиски и на албански јазик.

Содржините ги изработуваме според професионални новинарски стандарди, поради што сме и најверодостојниот извор на вести од Северна Македонија.

Меѓу нашите клиенти се бројни новински организации, амбасади, агенции за односи со јавноста, државни институции и меѓународни компании.

На клиентите им нудиме и фотосервис, а го усовршуваме и видеосервисот.

МИА е предводник во борбата против пристрасното известување и лажните вести. Сите домашни медиуми, без разлика на нивните политички ставови, ги преземаат или емитуваат нашите написи.

Посветено работиме да останеме неутрални и непристрасни, произведувајќи информативни содржини што се актуелни и точни.

ИСТОРИЈАТ

Македонската информативна агенција е основана во почетокот на 1998 година со одлука на Владата.

МИА произведува и дистрибуира вести на македонски и на англиски јазик од 30 септември 1998 година. Во мај 1999 година агенцијата го воспоставува и албанскиот сервис.

Ројтерс, Асошиејтед прес, АФП, Глас на Америка, Дојче веле и многу други регионални новински агенции редовно ја цитираат МИА како веродостоен извор на информации од земјата.

Примери за ова има не само во извештаите од времето на косовската криза во 1999 и безбедносната криза во 2001 г., туку и кога се прават анализи на меѓународни политички и економски прашања поврзани со Северна Македонија и регионот.

Во април 2006 година, со одлука на Владата на РСМ, МИА го добива називот Акционерско друштво Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост.

Во март 2019 година, во согласност со Преспанскиот договор, Македонската информативна агенција се преименува во Медиумска информативна агенција. 

 

РАКОВОДСТВО

Според Статутот на АД МИА, со агенцијата раководат Надзорен и Управен одбор.

Петте члена на Надзорниот одбор ги именува Владата на Република Северна Македонија, која има својство на Собрание на Друштвото.

Претседателот на Управниот одбор е и генерален директор и главен и одговорен уредник на МИА.

Личноста за оваа функција, како и четирите члена на Управниот одбор (од вработените во МИА) ги избира Надзорниот одбор.

АД МИА е организирана според општите стандарди што важат за националните новински агенции. Во неа функционираат:

  • Директор и главен и одговорен уредник

 

  • Редакција, во чии рамки работат:
      • внатрешна редакција, составена од репортери за дневни настани во државата и дописници од земјава и странство
      • надворешна редакција, која обработува вести и информации од странство
      • сервис на англиски јазик, кој обработува вести од земјава и странство на англиски јазик
      • сервис на албански јазик, кој обработува вести од земјава и странство на албански јазик

 

  • Техника и информатика: служба за техничка исправност и поддршка на електронската обработка и дистрибуција на содржините што ги произведува МИА

 

  • Фотосервис и видеосервис

 

  • Логистика: служба за општи и административни работи и служба за комерција и маркетинг.

 

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

МИА е членка на Асоцијацијата на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа АБНА и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции БСАННА, а учествува и во Светскиот конгрес на новински агенции.

МИА разменува информативни содржини со: АНА-МПА (Грција), Анадолу (Турција), БГНЕС и БТА (Бугарија), Дојче веле, ДПА и ЕПА (Германија), ФЕНА (БиХ), ХИНА (Хрватска), СТА (Словенија), Танјуг (Србија), АТА (Албанија), ТАСР (Словачка) и Шинхуа (Кина).

МИА соработува и со АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), МИНА (Црна Гора), ТАСС (Русија), како и со светските јавни сервиси Франс прес, Би-би-си, Радио Слободна Европа и Гласот на Америка.

 

КОНТАКТ

адреса: кеј „Димитар Влахов“ бр. 4, кат 2, 1000 Скопје

(поранешната зграда на Комерцијална банка АД – Скопје)

п. фах: 4

тел.: 00 389 75 284 558

е-пошта: mia@mia.mk

интернетска страница: http://mia.mk

 

Надзорен одбор:

Надзорниот одбор на МИА е именуван со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, во следниот состав:

Зоран Иванов, претседател – 3.8.2017 година –

Александра Мицоска-Митевска, членка – 3.8.2017 година –

Лилјана Капевска, членка – 3.8.2017 година –

Татјана Поповска, независна членка – 3.8.2017 година –

Ардиан Исени, независен член – 27.11.2018 година –

Ремзие Билаљи, поранешна независна членка – 3.8.2017 – 2.5.2018 година

 

Управен одбор:

Драган Антоновски, претседател на Управен одбор и генерален директор – 5.8.2017 година –

Габриела Точко, членка на Управен одбор задолжена за генералниот сервис на вести – 5.8.2017 година –

Сања Андреевска, членка на Управен одбор задолжена за техника и технологија – 5.8.2017 година –

Марјан Танушевски, член на Управен одбор задолжен за финансиски и правни работи – 5.8.2017 година –

Шерибан Клокочи, поранешна членка на Управен одбор задолжена за сервисите на други јазици – 5.8.2017 – 4.2.2019 година

Back to top button
Close