Во Општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски
- По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици и оваа година се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот „Белви“ светиот крст го положија свештениците на црквата „Св. Константин и Елена“, а го извлече Јовица Јаневски.
Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици и оваа година се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот „Белви“ светиот крст го положија свештениците на црквата „Св. Константин и Елена“, а го извлече Јовица Јаневски.
Како што информира Општина Илинден, од пријавените 66 учесници најсреќен беше Јовица Јаневски кој со своето учество, голема желба и упорност, успеа да го фати светиот крст и среќен го прослави чинот заедно со останатите верници кои учествуваа во скокањето. Тој на оваа манифестација учествува првпат.
Покрај честитките за здравје, среќа и благослов во текот на целата година, најсреќниот Јовица, традиционално доби поддршка од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Јаневски поддршка доби и од директорите на ЈКП „Водовод“ и ЈКП „Илинден“ и подароци од компаниите ЗЕГИН и „Атанасовски“. мд/мч/
Фото: Општина Илинден