Христијан Петревски најхраброто момче за Водици во Демир Хисар
- Општина Демир Хисар и свештенослужители, христијанскиот празник Богојавление, Водици го одбележаа во 19 населени места општината, а централната свеченост се одржа на мостот на Стара Река, во населба Мургашево.
Демир Хисар, 19 јануари 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар и свештенослужители, христијанскиот празник Богојавление, Водици го одбележаа во 19 населени места општината, а централната свеченост се одржа на мостот на Стара Река, во населба Мургашево.
Годинава најхрабар и најсреќен е Христијан Петревски кој пред голем број верници успеа да го фати светиот крст за што доби посебен подарок од покровителот на манифестацијата, градоначалникот Никола Најдовски.
-Да ја негуваме и продолжиме да ја чуваме оваа голема православна традиција и да си посакаме среќни и бериќетни празници, семејна хармонија, општествена благосостојба, просперитет и среќна иднина на сите. Бог се јави - навистина се јави! За многу години, истакна Најдовски.
Освен во Демир Хисар, празнично положување на чесниот крст се одржа и во Сопотница каде најсреќен беше Александар Трајковски, во Белче крстот го фати Леонид Василевски, во село Прибилци, Антонио Николовски, во село Граиште, Александар Радевски, потоа во селото Вардино крстот беше во рацете на Антонио Солевски, а во Жван денеска најсреќен е Дарко Шулевски. Водици беше одбележан и во населното место Слепче каде најуспешн учесник беше Давид Бошковски, а традицијата продолжи и во Суводол, Кутретино, Доленци, Слоештица, Смилево, Стругово, Журче и Железнец. мт/мч/
Фото: МИА