• e hënë, 20 janar 2025

На Водици во Битола најсреќен Иван Миовски, во Ресен Марио Павловски

На Водици во Битола најсреќен Иван Миовски, во Ресен Марио Павловски

Битола/Ресен, 19 јануари 2025 (МИА) - Преспанско-пелагониската епархија заедно со општините Битола и Ресен го одбележаа големиот христијански празник Богојавление, Водици.

Традицијата продолжи во сите храмови на епархијата, а централната свеченост се одржа во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ каде света Весилиева Литургија одржа митрополитот г. Петар.

Годинава најсреќен учесник на Водици е Иван Миовски од Битола кој чесниот крст го фати во водата од базенот на црквата „Свети Великомаченик Димитриј“, додека во туристичката населба Отешево, по осветувањето на водите на Преспанско Езеро, најсреќен учесник беше Марио Павловски. мт/мч/

фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR