• сабота, 21 февруари 2026

Џуџестите мармозети - нови жители во Зоолошката градина - Скопје

Џуџестите мармозети - нови жители во Зоолошката градина - Скопје

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Џуџести мармозети се новите жители на Зоолошката градина - Скопје. Тоа се најмали мајмуни на светот, кои тежат најмногу до 100 грама. 

- Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња. Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа и двете бебиња сè уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се не на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група - се наведува во објавата од ЗОО Скопје на „Фејсбук“. мд/са/

Фото: Фејсбук на ЗОО Скопје 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан