• недела, 11 јануари 2026

Џошуа го нокаутира Пол и го испрати во болница

Џошуа го нокаутира Пол и го испрати во болница

Мајами, 20 декември 2025 (МИА) - Американскиот блогер Џејк Пол е хоспитализиран со скршен и повредена вилица по боксерска борба со поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа.

- Скршена вилица. Ви благодарам за поддршката, момци, добро сум, објави Пол на социјалните мрежи.

Џошуа го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда од борбата одржана ноќеска во Мајами.

- Пол имаше тежок период во рингот, но постојано стануваше, продолжуваше да се бори. Само вистински мажи можат да го прават тоа, рече Џошуа по борбата.

Дваесет и осумгодишниот Пол има биланс од 12 победи и 2 порази. 

Триесет и шестгодишниот Британец ко е и олимпискиот шампион Џошуа сега има биланс 29-4 (победи-порази). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан