• петок, 05 декември 2025

Џаред Кушнер се сретна со Нетанјаху во Ерусалим

Џаред Кушнер се сретна со Нетанјаху во Ерусалим

Ерусалим, 10 ноември 2025 (МИА) - Американскиот пратеник Џаред Кушнер денеска се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху моментално се среќава во својата канцеларија во Ерусалим со специјалниот пратеник и зет на американскиот претседател (Доналд) Трамп, Џаред Кушнер“, соопшти кабинетот на Нетанјаху, без да даде детали.

Според израелските медиуми, посетата на Џаред Кушнер доаѓа во време кога Вашингтон ги интензивира напорите за обезбедување прекин на огнот во Појасот Газа, постигнат со посредство на САД. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан